Искористете ги предностите на дигитализацијата

Pulse ви овозможува увид во историјата, контрола врз тековното работење и помош при следни бизнис чекори.

Pulse - бизнисот на едно место

Носете Бизнис одлуки информирани

Во време на брза и динамична работна средина, не оставајте рачното работење да ви создава дополнителен стрес во работните обврски. Pulse се грижи наместо вас.

 

Системот за деловно работење во секоја компанија има основна цел – организација и поедноставување на деловните процеси. Одберете ERP кој одговара на вашите потреби и професионалната поддршка која ви е достапна во секое време ќе ви овозможат да останете фокусирани на вашиот бизнис.

Интегрирани решенија

Pulse е дизајниран за да го подобри управувањето со податоците кои ги поседувате, овозможувајќи на компанијата подобро да се фокусира на бизнис целите преку аналитиките и извештаите кои ги нуди овој систем. Pulse е едноставен за користење, дизајниран и развиен според потребите и барањата на клиентите. Одберете основни функционалности, проширувајте согласно потребите.

Систем за финансии е основен систем кој треба да го води секоја компанија. Во Pulse ERP, системот за финансии овозможува евиденција и следење на влезните финансиски документи и креирање, евиденција и следење на излезните финансиски документи. На овој начин на едно место добивате целосна слика за работењето на вашата компанија.

Производствените процеси се уникатни за секоја компанија. Да се дефинира ефикасен производствен процес е приказна којашто постојано еволуира и се менува. Pulse Системот за деловно работење ги покрива неопходните елементи за секој производствен процес.

 

 

Pulse модулот за магацинско работење овозможува креирање на повеќе магацини, полнење на залихи и нивна постојана евиденција, пренос на артикли меѓу магацини. Залихите во модулот за магацинско работење се менаџираат преку Системот за финансии и/или преку Модулот за малопродажба.

Имплементација

Cloud апликација

Пристапот преку Cloud овозможува брз процес на имплементација, пристап до информациите од секаде. Без иницијална инвестиција, избеерете лиценца за месечно користење на системот.

Лиценца

Локална инсталација на веќе поставена инфраструктура во вашата компанија. Добијте интерен пристап, моделирана верзија на системот која ќе одговара на вашите потреби и годишна нова проширена верзија.

Надградби и одржување

Пристапот преку cloud овозможува постојана надградба на верзијата на модулите кои ги користите. Трајна лиценца овозможува надградби на системот по ваши потреби. Ваше е да одберете.

Искористете ги предностите на времето на дигитализација

Закажете online презентација на системот за деловно работење кој ќе го олесни вашето секојдневие, ќе ја подобри ефикасноста и ќе ви помогне да носите информирани бизнис одлуки без безброј листови хартија пред вас. 

© 2022 MBS All Rights Reserved.